сабота, 27 јули 2024

Пајазит Пајазити е судијата кој не одреди притвор за лицата кои упаднаа во М-НАВ

Судијата од скопскиот Кривичен суд, Пајазит Пајазити, не го прифатил предлогот на обвинителството за притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири. Пајазити е заменик претседател на Кривичниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството кое бараше притвор за четворицата уапсени најави жалба на оваа одлука на судот. МВР трага по уште четворица кои се во бегство.

Беким Незири доби мерки за претпазливост наместо притвор. Ова значи дека тој, и лицата од групата кои упаднаа во Контролната кула на скопскиот аеродром, а се вработени во М-НАВ, од вторник можат да одат на работа.

Незири и уште тројца се осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 од Кривичниот законик, кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор.

Мерките за претпазливост всушност значат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето (во случајов Скопје), обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетениот како и меѓусебна комуникација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ