петок, 26 јули 2024

„Пајакот“ крена 114 возила за време на празничните денови во Скопје

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 01.01. до 07.01.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 76 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, се вели во соопштението на ПОЦ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ