сабота, 27 јули 2024

Паѓа руски сателит

Објавено на

часот

Сподели

Сондата „Фобос“, со цилиндричен облик и тешка 14,6 тони, приближно со големина на камион, двојно е поголема од двата нефункционални сателити што минатата есен паднаа на Земјата и завршија во вода, но не е опасна за луѓето, пренесува АП.
Руската вселенска агенција „Роскосмос“ предвидела дека само 20 од 30-те дела на нивната сонда, со вкупна тежина од 200 килограми, ќе го „преживеат“ влегувањето во атмосферата и ќе паднат некаде во јужниот Атлантик помеѓу недела и понеделник.
Делови од сондата ќе бидат расфрлени 400 километри источно од брегот на провинцијата Чубут на југот на Аргентина.
Сондата е лансирана во ноември 2011, а нејзина дестинација беше Марс, од каде што требаше да собере примероци, меѓутоа, поради дефект, остана во орбитата околу Земјата.
Ова е трет објект што паѓа во минатите пет месеци – истражувачкиот сателит на НАСА тежок шест тони падна во септември, а германскиот сателит од три тони во октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ