сабота, 27 јули 2024

Паднатите дрва во реката Кумановка денес беа отстранети

Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги отстранија паднатите дрвја во речното корито на Кумановка во близина на селото Проевце, соопштија денеска надлежните. Наталожените гранки, дрвја и смет претставуваа закана за постоечкиот мост. Регионалниот центар за управување со кризи шест месеци алармираше за оваа состојба, а институциите си ја префрлаа одговорноста.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера екипите ги отстранија наталожените дрвја, гранки од коритото по реакција на граѓаните, иако мора да потенцирам не е одговорност и надлежност на нашето претпријатие. Апелираме до граѓаните совесно да се однесуваат, да се грижат за животната средина. Ништо не го оправдува фрлањето смет во реките, изјави заменик-директорката на ЈП „Чистота и зеленило“, Цветанка Ивановска.

Регионалниот центар за управување со кризи од ноември, лани информираше секој ден дека за мостот во село. Проевце запознаени се сите одговорни, вклучително и општинскиот кризен штаб во Општина Куманово.

Институциите си ја префрлаа одговорност во чија надлежност е чистењето на реките во и вон градежен опфат. Жителите стравуваа дека постои можност од излевање на реката Кумановка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ