Шефилд јунајтед изминатиот викенд загуби со 5-0 од Барнли кој им е директен конкурент во борбата за опстанок, а тоа беше само капката која ја прели чашата за раководството на клубот да му даде отказ на Пол Хекингботом.
Шефилд јунајтед е последен на табелата со само пет освоени бодови и негативна гол разлика од дури минус 28 голови.
Оваа сезона доживеаа и дебакл на свој терен од Њукасл со 8-0.