петок, 25 октомври 2024

Падна клучниот закон во американскиот Сенат, Украина би можела да остане без милијарди долари помош

Лидерот на владејачките демократи во американскиот Сенат Чак Шумер одлучи денес да ги предизвика опозициските републиканци со тоа што на дневниот ред на седницата стави пробно гласање за воената помош на Украина, Израел и други сојузници на Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што оценува Асошиејтед прес, ова е последниот обид да се спаси военото финансирање по пропаѓањето на договорот кој на таа тема беше постигнат со републиканците, а кој го вклучуваше за републиканците многу важното прашање на безбедноста на јужната американска граница кон Мексико, поради огромниот прилив на мигранти.

Договорот пропадна откако Доналд Трамп, кој сака да стане републикански кандидат за претседател на САД, жестоко го критикуваше договорот.

Шумер сака да ги натера републиканците во Сенатот на две за нив тешки процедурални гласања: првото за мерките за заштита на границата кои беа дел од пропаднатиот пакет, а потоа за пакетот за военото финансирање кој сега е издвоен како посебен.

Ако некој од овие пакети биде усвоен, на Сенатот сепак ќе му бидат потребни денови да ја донесе конечната одлука.

Откако републиканците останаа скептични околу воената помош за Украина, Шумер кажа дека „историјата ќе фрли постојана и срамна сенка“ врз оние кои се обидуваат да ја блокираат таа помош.

„Ќе стане ли Сенатот против суровите насилници како Владимир Путин и ќе ги увери ли нашите пријатели од другата страна на океанот дека Америка никогаш нема да ги напушти во моментите кога им е потребна?“, праша Шумер отворајќи ја седницата.

Пакетот помош за Украина вреден 60 милијарди долари е блокиран со месеци во Конгресот поради сè поизразениот отпор на најконзервативните републиканци и во Сенатот, каде се во малцинство, и во Претставничкиот дом, каде имаат мнозинство. Тие таа помош ја сметаат за фрлање пари и бараат излезна стратегија од војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ