петок, 18 октомври 2024
ЕП У20 Б-дивизија

Падна и Украина, Македонија е во финале и во А дивизија!

Објавено на

часот

Сподели

Македонските млади кошаркари продолжуваат да блескаат на Европското првенство Б дивизија кое се игра во Скопје, остварија нов триумф откако, падна Украина во полуфиналето.

Нашата репрезентација беше ослабена за неиграњето на Андреј Митревски кој е еден од најдобрите кошаркари во овој состав, но работите во свои раце ги презема Резарт Мемед кој имаше фантастична партија.

Македонија водеше во текот на целиот меч, имаше полна контрола на резултатот и не дозволи противникот во ниту еден момент да ја загрози победата, конечниот резултат беше 66-53.

Најефикасен беше Резарт Мемед со 24 поени од кои шест беа тројки, двоцифрен беше уште и Амар Хот со 12 поени, имаше и 11 скокови, 11 скокови имаше и Теодор Симиќ кој даде осум поени.

Во финалето (утре 21:00) Македонија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Шведска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ