Акцијата е спроведена во најголема тајност во соработка со полициите на Холандија и Белгија со координација на Европол, при што се уапсени лицата кои се водачи на овој најголем картел во Европа.
Обвинителството за организиран криминал на Србија соопшти дека денеска се уапсени 13 лица од Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин.
Балканскиот картел се состои од најмалку дваесет луѓе. Од останатите седум, четворица се во бегство, двајца се веќе зад решетки, додека еден е во притвор поради други причини.