Англија го одбра наследникот на Герет Саутгејт, на кормилото на „трите лава“ ќе седне Томас Тухел.
Весникот Тајмс, кој обично има точни информации, вечерва објави дека германскиот стратег си подал рака со ФА и следната недела соработката ќе биде официјализирана.
Томас Тухел минатото лето беше споменуван како една од опциите за нов тренер на Манчестер јунајтед, а слични гласини се појавија и изминативе денови, кога серијата лоши резултати го разнишаа столчето на Ерик тен Хаг.
Сепак, ФА беше побрза во реакцијата, па Томас Тухел ќе биде нов селектор на Англија.