четврток, 31 октомври 2024

Пад на рејтингот на Бајден, го поддржуваат само 40 отсто од гласачите

Објавено на

часот

Сподели

Економијата останува најважното прашање за американските гласачи во време на висока инфлација и напорите на централната банка преку цените да му се спротивстават на зголемувањето на каматните стапки, што ги прави поскапи кредитите за недвижен имот и автомобили.

Денеска се укинуваат прописите што важеа во времето на пандемијата на ковид-19, со кои се ограничува влезот на потенцијалните баратели на азил во САД, а овој факт е извор на дополнителна загриженост за американските гласачи.

Според анкетата, 54 проценти од испитаниците – од кои 76 проценти се републиканци и 34 проценти демократи – се противат на зголемувањето на бројот на имигрантите на кои ќе им биде дозволен влез во САД.

Шеесет и шест отсто од испитаниците се согласуваат со одлуката да се испратат американски војници на границата за да ѝ помогнат на пограничната служба.

Пентагон објави дека администрацијата на Бајден привремено ќе испрати 1.500 дополнителни војници за да помогнат во обезбедувањето на границата откако ќе се укинат ограничувањата што беа во сила за време на пандемијата.

Бајден сака да се кандидира за втор мандат следната година и имиграцијата ќе биде важно прашање во таа кампања. Републиканците го обвинуваат Бајден дека е премногу мек кон имиграцијата, но неговата администрација сега одлучи да испрати повеќе војници за да им помогнат на граничарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ