сабота, 27 јули 2024
Статистика

Пад на индуструиското производство за првите два месеца од 0,5%

Објавено на

часот

Сподели

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 1,3 %, во секторот Преработувачка индустрија намалување од 2,6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 45,4 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 36.9 %, Капитални производи за 8,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,8 %, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19,6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 12,7 %. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ