четврток, 2 јануари 2025
Статистика

Пад на индустриското производство и на бројот на вработените во индустријата

Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помало 3,5 отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, индустриското прозводство е намалено за 3,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помал за четири отсто.

Објавено на

часот

Сподели

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6,7 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6,6 %, Капитални производи за 11,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 36,2 %.

Бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помал за четири отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст од 4,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,1 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 4,7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,6 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ