петок, 18 октомври 2024

Пациентка го застана Меџити и лично го праша: Зошто нема ленти за мерење на шеќер во крвта?

Објавено на

часот

Сподели

„А ние што сме со еден бубрег кога ќе ги добиеме лентите? Кога? Ти си министер за здравство, така? Земам 12.500 денари пензија, две ребра имам извадено поради рак, четири пати мочниот меур ми е опериран од рак, имам извадено бубрег, двапати сум оперирана, имам болна тироида. Живеам тука во пензионерскиот дом. Не сум мажена, од болести не можев да се омажам, се разболев многу млада. И сега ленти купувам. Една нега земам м**ана од 4.200 денари. Немам фамилија, ми изумреа сите, имам една сестра стара. Се утепав пари давајќи за лекови. За срце примам ‘декортин’, шеќер имам, се боцкам трипати“, рече пензионерката.

Министерот ѝ пријде и се обиде да ја смири. 

„Можам да ви кажам дека добро изгледате, добро се држите. Ќе има ленти. Навистина како министер се извинувам за тоа што доцнеа. Едно ве уверувам, јас како Фатмир Меџити, додека сум министер, нема да има доцнење на лековите“, рече министерот Меџити.

Пензионерката му кажа дека има и ретка системска болест, од која ѝ отекува телото, па побара помош за лекот што ѝ помага, а министерот ги задолжи своите вработени да земат податоци за да може да ѝ помогне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ