сабота, 27 јули 2024
Успешно завршена сериозна операција на ТОАРИЛУЦ

Пациент повреден од огнено оруже пак ќе има функционална рака по трансплантација од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ (Универзитетска клиника за трауматологија,ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар) минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат, реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови,  објаснува д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со д-р Александар Савески, учествуваше во транспланатацијата.

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

„Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор“, се наведува во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ