сабота, 18 јануари 2025

Пациент од Либија за еден ден ги изврши сите потребни прегледи во клиниката „Жан Митрев“

Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во клиниката „Жан Митрев“ за да ги изврши потребните специјалистички прегледи. На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршени десетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал.

Објавено на

часот

Сподели

На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен. Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница.

„Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува клиниката „Жан Митрев“ на сите негови пријатели и сограѓани.

Клиниката со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената пракса во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ