сабота, 21 декември 2024

Пациент од Англија во клиниката „Жан Митрев“ на операција за вештачки колена

Шон Молој, пациент од Англија дојде во клиниката „Жан Митрев“ за операција за вештачки колена. Минатата недела изведена беше операцијата од д-р Сашо Младеновски со што беше направена успешна промена на едното колено. Молој е веќе подвижен и наскоро ќе се врати дома.

Објавено на

часот

Сподели

 За искуството во Клиника Жан Митрев, вели дека овде се посветува поголемо внимание и поголема грижа за пациентите.

„Одлучив да дојдам во оваа клиника поради тоа што го прочитав за неа, разговарав со луѓе и истражував на интернет. И не можеше да добијам повеќе, на секого би ја препорачал. Сега е третиот ден по операцијата на моето лево колено и чувството е добро. Физиотерапијата е одлична. Имав некои компликации со крвта, кои ми беа откриени тука, а не беа откриени во Англија и ако операцијата ја правев таму, веројатно не би преживеал. Што значи дека вниманието што се посветува тука, е неспоредливо со ништо друго. Споредувајќи со државниот здравствен систем во Англија, ова тука е за ниво погоре и затоа би го препорачал на секого кој планира да прави ортопедска операција“, вели Шон Молој.

Молој за клиниката дознал истражувајќи на интернет и консултирајќи се со пријатели. Тој е ѕидар по професија, а претходно бил рагби играч. Како резултат на истрошеноста на неговите колената поврзана со неговите занимања и остеоартритисот потребна му беше билатерална операција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ