петок, 18 октомври 2024

Пачовски: 13 гола во три меча е премногу!

Објавено на

часот

Сподели

Пачовски стигна на бројка од 13 гола за три меча (над четири во просек), откако на подготовките во Турција пред продолжението на белгискиот шампионат, прими седум гола од Штутгарт и Генк, а сега плус шест од Стандард.

„Тоа е премногу. Како резултат, не е добро за самодовербата. Тоа е премногу – 13 гола на 3 меча“, вели Пачовски.

Македонскиот репрезентативец вторпат прими шест гола во својата кариера, откако како чувар на мрежата на скопски Работнички, Базел го наполни во првото редовно коло на тогашниот Куп на УЕФА во 2006 година.

„Ова е втор пат да примам шест гола. Јас не можам никого да обвинам. Сè отиде наопаку“, додаде Пачовски, кој како причина за слабиот меч го истакна заминувањето на Гери Кагелмахтер, кој бил лидер на тимот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ