Анализирајќи ги податоците од повеќе од 32.000 учесници, истражувачите откриле дека луѓето кои редовно јаделе цитрусно овошје имаат 22 отсто помал ризик од депресија во споредба со оние кои ретко ги консумирале.
Научниците откриле дека луѓето кои консумирале повеќе агруми имале повисоко ниво на корисна бактерија (Faecalibacterium prausnitzii) во цревата, додека оние со депресија имале значително пониско ниво на оваа бактерија.
Оваа бактерија е присутна во киви, суво грозје и боровинки, има антиинфламаторно дејство и го поддржува варењето. Исто така, го стимулира производството на серотонин и допамин, кои се клучни за доброто расположение. Помалата потрошувачка на цитруси значи помалку од оваа корисна бактерија, која може да го намали нивото на овие невротрансмитери и да го зголеми ризикот од депресија.
Покрај агрумите, храната богата со метионин може да помогне во одржувањето на здраво расположение. Овие неколку намирници би можеле да ги вклучиме во исхраната и да го намалиме ризикот од депресија:
- Портокал и грејпфрут
- Киви
- Карфиол и брокула
- Јајца (особено белки)
- Месо (говедско, пилешко, свинско, мисиркино)
- Риба (лосос, бакалар, туна)
- Млеко и сирење
- Јаткасти плодови и семиња
- Грав и леќа
- Интегрални житарки
Додавањето на овие намирници во вашата секојдневна исхрана може да биде лесен начин за подобрување на здравјето на мозокот и стабилизирање на вашето расположение.