сабота, 19 октомври 2024
Го напушти Челси по 16 години престој

Овој пат не се пишманија: Галагер конечно направи трансфер во Атлетико

Атлетико и Челси го потврдија трансферот на Конор Галагер во Мадрид, фудбалерот од средниот ред стави потпис на петгодишен договор со „колчонероси“.

Објавено на

часот

Сподели

Заврши трансфер сагата на Конор Галагер, кој ова лето веќе еднаш пристигна во Мадрид на лекарски прегледи, но мораше да се врати во Лондон откако се заплеткаа работите во последен миг.

Сепак, двата клуба не се откажаа, пронајдоа нова формула, па денеска пристигна и официјална потврда.

„Атлетико постигна договор со Челси за трансфер на Конор Галагер, Англичанецот стави потпис на петгодишен договор“ – гласеше известувањето на Атлетико Мадрид.

Конор Галагер е дете на Челси, со само 8 години стана дел од академијата на „сините“ и стигна да биде капитен во првиот тим.

Сепак, имаше несогласувања со газдата Тод Боли околу новиот договор, па по 16 години во Челси, ова лето ја промени средината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ