среда, 11 декември 2024

Овој март иако незначително, сепак бил потопол споредено со изминатите 30 години

Објавено на

часот

Сподели

„Средномесечната температура се движеше од 3,5 степени целзиусови во Маврово до 10,5 во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодишната беше 0,8 степени целзиусови над просечната на ниво на држава“, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средната максимална температура варирала од 8,6 степени целзиусови во Маврово до 16,6 во Гевгелија.

Највисоката максимална температура била измерена на 25 март во Гевгелија и изнесувала 25,4 степени целзиусови.

Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици, средната минимална температура варирала од -0,9 степени целзиусови во Берово до 5,8 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот била измерена во Берово, на 13 март и изнесувала -7,2 степени целзиусови.

„Во месец март, месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 27  милиметри во Крива Паланка до 109  милиметри во Маврово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 28  милиметри беше регистрирано во Охрид на 28 во месецот. На Попова Шапка на 4 март беше измерена највисока снежна покривка од 22 сантиметри“, известуваат од УХМР.

Споредено со мартовската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 5 милиметри над просечната на ниво на држава.

                                                                                                                                       Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ