Температурите во главниот град на Кина овој месец често паѓаа под минус 10 Целзиусови степени, јави Би-би-си, додавајќи дека пред само шест месеци Пекинг го забележа најтоплиот јунски ден досега, бидејќи измерената температура беше малку повисока од 40 Целзиусови степени.
Кина оваа зима беше погодена од неколку бранови екстремно студено време.
Јужна Кореја исто така се соочи со ниски температури, а големо количество снег падна во делови од северна Јапонија.