Нашето тело се потпира на природни сигнали од околината за да ги регулира клучните функции, вклучувајќи го спиењето, енергијата и расположението. Една од овие навики може да игра клучна улога во балансирањето на хормоните, подобрувањето на спиењето и зајакнувањето на имунолошкиот систем – изложеноста на утринска светлина.
Според лекарот Марк Хајман, изложувањето на природна светлина веднаш по будењето е еден од наједноставните и најприфатливи начини за подобрување на вашето здравје.
„Само пет до десет минути утринска сончева светлина во ведрите денови може да донесе значителни придобивки“, објаснува тој, додека во облачни денови препорачува да се продолжи времето на десет до 20 минути, а во сосема мрачните денови до половина час.
Утринското сонце влијае и на нивото на серотонин, невротрансмитер кој го регулира расположението, спиењето и варењето на храната.
Ниското ниво на серотонин е поврзано со депресија и анксиозност, додека неговото балансирање придонесува за подобра концентрација, смиреност и постабилна енергија во текот на денот.
„Изложеноста на утринска светлина помага во регулирањето на кортизолот, обезбедувајќи тој да биде највисок наутро кога ни треба енергија и понизок навечер кога ни треба релаксација“, рече Хајман.
Покрај утринската изложеност на светлина, експертите препорачуваат и дневни прошетки и вежбање на отворено.
Утринската светлина му сигнализира на телото да произведува кортизол за енергија, додека зајдисонцето предизвикува лачење на мелатонин за спиење.
„Колку повеќе сме во склад со природна светлина, толку подобро функционираат сите процеси во телото“, објаснува нутриционистот Беатриз Лареа.
Покрај утринската изложеност на светлина, експертите препорачуваат и дневни прошетки, вежбање на отворено, вечера пред 20 часот и намалување на изложеноста на сината светлина од екраните навечер.
„Станува збор да го направиме денот посветол, а ноќта потемна користејќи здрав разум“, заклучува Лареа.