Резултатите беа сосема неочекувани. Првото место убедливо го зазеде кластер или хистаминска главоболка, состојба која кај испитаниците предизвикала неверојатно ниво на болка од дури 9,7 од максимум 10.
Ако никогаш не сте слушнале за кластер главоболка, тоа е многу тежок и редок вид на главоболка што пациентите често ја опишуваат како измачувачка болка зад окото, која се шири на лицето, главата и вратот. Болката доаѓа во напади, трае од неколку минути до неколку часа и често е придружена со немир, течење или затнат нос и промена на бојата на кожата на страната на лицето каде што се чувствува болката.
Тие можат да бидат толку тешки што буквално им го отежнуваат функционирањето на пациентите, овие напади може да траат со денови или дури со недели.
На второ место, изненадувачки далеку зад кластер главоболките, е породувањето, со оценка 7,2, а потоа следат болки како скршеници на коски, камења во бубрезите и напади на мигрена.
Интересно е што срцевиот удар е оценет само 5 од 10, иако тоа е состојба која често завршува со смрт. Ова значи дека нивото на болка може да не е секогаш поврзано со сериозноста на состојбата.