сабота, 27 јули 2024

Оушнгејт и понатаму рекламира „излети“ до Титаник

Објавено на

часот

Сподели

На интернет страницата на Оушнгејт пишува дека две експедиции до Титаник се закажани за 2024 година и дека ќе се одржат од 12 до 20 јуни и од 21 до 29 јуни.

Исто така, на страницата стои дека мисијата на Титаник 2023 е во тек. Секој „излет“ до Титаник чини 250.000 долари за едно лице, а нуди едно нуркање, приватно сместување, потребна обука, опрема за експедицијата и сите оброци за време на патувањето. Максималниот капацитет за секое нурнување е ограничен на шест лица, со услов за минимална возраст од 17 години.

Веб-страницата нуди детали за сместувањето, вклучително за спалните соби и заедничките бањи, со достап до интернер врска на подморницата.

На страницата се наоѓаат и фотографии на тој видеозапис, кои прикажуваат сцени од претходните експедиции и сведоштва на учесниците.

Патувањето со Титан до Титаник на страницата на Оушнгејт е опишано како „експедиција за нуркање на култните остатоци“.

„Храбрите патници ќе отпловат од атлантскиот брег на Канада на осумдневна експедиција за да нурнат до култните остатоци што лежат 661 километар од брегот и 3800 метри под површината“, се наведува на веб-страницата на Оушнгејт.

Маркетингот на Оушнгејт истакнува дека нуркањето не нуди само возбудливо и единствено искуство на патување туку и придонесува за научното истражување и сфаќање на остатоците и на длабоката океанска средина.

„Нуркањето не само што ќе овозможи возбудливо и единствено искуство на патување, туку и ќе ѝ помогне на научната заедница да дознае повеќе за остатоците и за длабокото океанско опкружување. Секое нуркање има и научна цел и тука можете да дознаете повеќе за истражувањата што ги поддржуваме“, пишува на страницата на Оушнгејт.

Патувањето со подморницата трае осум дена и седум ноќи, а почнува во Сент Џонс во Канада. И покрај неодамнешната трагедија, веб-страницата спомнува потенцијални експерти што би можеле да им се придружат на идните експедиции. Меѓу патниците што го изгубија животот во подморницата беше 77-годишниот експерт за Титаник Пол Анри Нарголе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ