сабота, 27 јули 2024

Отворена истрага за судирот на авиони во Токио во кој загинаа пет луѓе

Надлежните власти отворија денес истрага за судирот на двата авиони на аеродромот Токио-Ханеда во кој загинаа пет луѓе.

Објавено на

часот

Сподели

Авион на компанијата Џапан ерлајнс (ЈАЛ) се судри при слетување со помал авион на јапонската крајбрежна стража кој се подготвувал за полетување.

Компанијата ЈАЛ соопшти дека нејзиниот авион имал овластување да слета.

Судирот предизвикал голема експлозија и патничкиот авион се запалил.

Сите 3 патници и членови на екипажот на ЈАЛ516 се спасени.

Пет од шесте патници во авионот на крајбрежната стража загинаа. Пилотот успеал да се евакуира, но е тешко повреден.

Биле потребни осум часа за да се изгаси пожарот во авионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ