сабота, 27 јули 2024

Отворена истрага за насилниот битолчанец кој ограбуваше аптеки и обложувалници

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, на 11 април минатата година маскиран влегол во аптека на ул. Солунска и на вработената ѝ се заканил со пиштол, туркајќи ја кон магацинскиот простор. Одзел 40.500 денари спакувани во три книжни ќеси и избегал.

На 16 мај минатата година осомничениот повторно маскиран влегол во обложувалница на ул.Филип Втори Македонски и се упатил кон пултот за наплата. На вработената ѝ се заканил со нож, директно насочувајќи го кон неа и принудувајќи ја да му даде 207.000 денари и 200 евра.

При последниот настан, на 18 април годинава, осомничениот маскиран се заканил со нож на вработена во аптека на ул. Димитар Илиевски – Мурато. Ја натерал да му го отвори сефот и ги одзел хартиените пликови внатре, сметајќи дека одзел пари. Всушност, во пликовите имало сметки и други документи. Осомничениот ја натерал оштетената да влезе во тоалетот, ја затворил внатре и избегал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото и да влијае врз сведоците/оштетените. Судијата го прифати ваквиот предлог и му определи притвор во траење од 30 дена.​​

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ