Местото близу јапонската престолнина е идеално, особено имајќи предвид дека светскиот туризам се зголемува по ковид-пандемијата, изјави Торбен Јенсен, потпретседател и генерален менаџер на „Ворнер брос“ за Токио.
Тој рече дека сега на азиските обожаватели „им се нуди нова димензија“ на „Хари Потер“ филмовите. Влезниците за возрасни чинат 42 евра, а Јенсен рече дека билетите до август се веќе распродадени.