петок, 26 јули 2024

Oтворен повик за дизајнери и занаетчии во новиот културно-едукативен центар „Лабораториум“

„Лабораториум“, новиот културно-едукативен центар во Скопје, објави отворен повик до сите дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски
производи наменети за деца, за домот, осветлување…. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Повикот е отворен до 20 февруари.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Македонија, што ќе се отвори во среда, 28 февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.

Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн.

Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“.

Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет“. Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество на интернет страницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ