„Овој значаен настан означува ново поглавје во дипломатските односи меѓу Мексико и Северна Македонија, бидејќи конзулатот има за цел да поттикне посилни врски меѓу двете нации“, изјави Малиќи.
Конзулатот е лоциран во комплексот Парк резиденс во Скопје и е отворен за јавноста нудејќи низа услуги наменети за унапредување на дипломатските и економските односи меѓу двете земји. Овие услуги вклучуваат, конзуларна помош и организација на културни настани кои го прикажуваат мексиканското наследство.
„Чест ми е што го претставувам Мексико во Северна Македонија и со нетрпение очекувам тесна соработка со двете влади за да истражам нови можности за соработка. Нашата цел е да изградиме мост на меѓусебно разбирање и корист, особено на полето на трговијата, образованието и културната размена“, изјави Малиќи.