сабота, 27 јули 2024
По одржаниот конгрес

Отсуствува поддршка од Министерството за здравство, реагираат медицинските сестри

Министерот за здравство бил оправдано отсустен, но не дојде никој од министерството, но затоа беа присутни видни претставници од медицината и од други сегменти на општеството на нашиот втор Конгрес, реагираат од Унијата на ЗМСТАС (Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри), предводена од Здружението „За нас“ како рамноправна членка на Балканската асоцијација на медицински сестри.

Објавено на

часот

Сподели

„Со посетеност на еминентни професори, предавачи од европските високи школи, како и од регионов Унијата успеа да го обедини Балканот. Околу 400 учесници се импозантна бројка со која сите треба да се гордеат бидејќи со вакво сестринство кое во период на големо незадоволство, неисполнети услови, нарушено достоинство, без безбедносни услови за работа покажаа дека сепак постои мотивација за едуцирање. Поддршката од претседателот на државата, преставници од Министерството за образование, голем број на општини и големи здравствени институции кои не удостоија со своето присуство, односно јавното произнесување на нивното задоволство за успешниот настан ни покажаа дека сепак постои слух за нашата професија“, се вели најнапред во реакцијата.

Но, потоа се нагласува дека од друга страна еден многу важен сегмент за медицинските сестри е поддршката од Министерството за здравство, која и оваа година по низа настаниотсуствува. Велат дека се надевале дека министерот во неговата агенда ќе најде простор и време да упати честита за успешниот конгрес.

„Знаејќи дека за време на конгресот беше оправдано отсутен, ни беше најавено присуство на преставник од министерството, односно очекувавме барем јавна поддршка  и произнесување од медицинската сестра која е сега дел во оваа институција, но за жал нашите барања и на ваков импозантен настан од европски карактер, отсуствуваше институционалната закрила.

Ние покажавме дека имаме желба да се образуваме, да се усовршуваме, да се доградуваме, дека сме стручни и профеионални, а конгресот само ни дозволи да го потврдиме тоа што е така со години наназад.

Порачуваме од името на Унијата дека инвестицијата во сестринството и во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација. Иднината на здравата нација лежи во инвестицијата во најбројниот медицински персонал во здравствените институции, а тоа се медицинските сестри.

Мора да се променат стратегиите и да се вклучат сестрите да помогнат во тие стратешки промени, бидејќи само ние најдобро знаеме што е најпотребно и круцијално за зголемување на задоволството и унапредување на квалитетот на услугите“, се вели во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ