сабота, 27 јули 2024

Отстранет е одрон кај Тресонче, проодни се патните правци во дебарскиот регион

Како резултат на максималната ангажираност на општинските власти и дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување регионални и магистрални патишта во поширокиот дебарски регион сите патни правци се проодни.

Објавено на

часот

Сподели

„Сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината според условите на патот. Наши екипи се постојано на терен. Имаме доволно абразивен материјал и засега поголеми проблеми нема“, потврдуваат од дебарската секција.

Од општина Дебар велат дека сите патни правци се исчистени, како и за Горно Косоврасти и Горно Рајчица, а денеска со несмален интензитет се чистат тротоарите во градот.

Во Центар Жупа чистењето на патиштата се одвивало и во текот на ноќта, посебно во Горна Жупа каде снежната покривка е од 30 до 40 сантиметри.

Од месната заедница Тресонче објавија дека вчера бил во прекин регионалниот пат кој води кон селата Тресонче, Росоки и Селце поради  одрон од две поголеми карпи кај местото Бела Водица.

„Одронот на патот е отстранет и може непречено да се минува од и кон Тресонче, Росоки и Селце. Благодарност до Општина Маврово и Ростуше за брзата  реакција“, стои во објавата.

Снегот секако е добредојден за земјоделските посеви, а со неговото топење и за зголемување на дотекот на вода во акумулацијата Дебарско Езеро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ