сабота, 4 јануари 2025

Отповиканиот јужнокорејски претседател ќе биде уапсен, порача дека ќе се бори до крај

Отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јол испрати писмо до своите приврзаници во кое вели дека „ќе се бори до крај“ бидејќи се соочува со апсење за воведувањето воена состојба на 3 декември, рече неговиот адвокат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Гледам во живо на Јутјуб сè што правите“, се вели во писмото на Јун до стотиците поддржувачи кои се собраа пред неговата резиденција протестирајќи против истрагата.

„Заедно со вас ќе се борам до крај да ја заштитиме оваа земја“, додаде тој во писмото, чија фотографија на Ројтерс му ја испрати адвокатот на Јун, Сеок Донг Хјеон.

Опозициската Демократска партија, која го иницираше импичментот на претседателот во парламентот, оцени дека писмото покажува дека Јун е непресметлив и сака да го заврши своето „востание“.

Во четвртокот, судот одобри налог за апсење на Јун, кој би можел да стане првиот шеф на државата затворен бидејќи со воведувањето на вонредна состојба сакал да изврши востание. Востанието е едно од само неколкуте злосторства за кои претседателот на Јужна Кореја нема имунитет.

Канцеларијата за истрага на корупција на високи функционери (ЦИО), кој е воден од заеднички тим од полицијата и обвинителството, има рок до 6 јануари да го уапси Јун. Јун беше суспендиран од функцијата, која привремено ја презеде министерот за финансии Чои Санг Мок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ