четврток, 26 декември 2024

Откриено зошто летоска снема струја во Далмација, БиХ, Црна Гора и Албанија

Огромниот прекин во снабдувањето со струја се случи на 21 јуни во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел на хрватското приморје. Фирмите мораа да затворат врати, семафорите не работеа, а луѓето останаа без клими среде топлотниот бран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со струјата некаде снема и интернет. Сообраќајот сопре во главниот град на БиХ Сараево, во Бања Лука и во Мостар додека температурите во дел од регионот достигнуваат 40 Целзиусови степени. Многумина останаа без вода во Подгорица бидејќи не работеа пумпите. Се исклучија и клима уредите, а во продавниците се топеше сладоледот, пишува хрватски Индекс.

Сообраќаен колапс го зафати тогаш и Сплит, во кој одекнуваа сирени за итна помош.

Првите информации сугерираа дека до дефектот дошло поради преоптеретеност на системот и високите температури во Албанија, а нова анализа на Европската мрежа на оператори на преносни системи за електрична енергија (ЕНТСО-Е) покажува дека дошло до два кратки споја на далекуводи од 400 киловолти.

Првиот се случил во Црна Гора, поради што дошло до краткотраен пад на напонот. Само 13 минути подоцна дошло до краток спој на далекувод меѓу Албанија и Грција.

Во двата случаи виновник за краткиот спој е недоволно исчистена вегетација во близина на далекуводот.

Двата кратки споја предизвикале потоа верижна реакција која се проширила во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ