сабота, 27 јули 2024

Откриено големо количество оружје на северот на Косово, се сомнева дека останало по инцидентот во Бањска

Службеници на косовската полиција соопштија вечерва дека во околината на Звечан, кон местото Рударе, заплениле „значително количество оружје“ за кое се сомнева дека останало таму по нападот на 24 септември 2023 во Бањска, во општината Звечан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на полицијата на Косово Газменд Хоџа и министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља соопштија дека оружјето е запленето во рации.

Хоџа на прес конференција кажа дека полицијата добила информации од граѓани и од Косовската разузнавачка агенција (КОА).

Кажа дека меѓу запленетата опрема има околу 1.500 парчиња муниција, десет „долги цевки“, 61 шок-бомби, експлозив, радио-врски и униформи на српската војска.

Додаде дека едно лице, поранешен припадник на косовската полиција, е приведено на разговор, бидејќи се сомнева дека е поврзан со оружјето кое е најдено во близина на неговата куќа.

Од инцидентот на 24 септември во Бањска косовските власти повеќе пати тврдат дека заплениле оружје на северот на Косово.

Во септември 2023 година дојде до престрелка меѓу група локални Срби и косовски полицајци во Бањска, во која загина наредникот Африм Буњаку, а потоа косовските полицајци убија тројца локални Срби.

Косово тврди дека Србија е одговорна за организирање и изведување на напад, што Белград го негира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ