петок, 18 октомври 2024

Откриени мотивите на атентаторот на јужнокорејскиот политичар Мјунг

Мажот обвинет дека го прободе јужнокорејскиот опозициски лидер Ли Јае-Мјунг во вратот, им кажал на инспекторите дека сакал да го убие за да го спречи да стане претседател на земјата, соопшти јужнокорејската полиција, пренесува Индепендент. Ли беше пуштен од болница по осум дена лекување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека верува дека осомничениот делувал сам кога го нападнал Ли во југоисточниот град Бусан на 2 јануари, оставајќи го да крвари.

За време на испрашувањето, осомничениот кажал дека одлучил да го убие Ли за да го спречи да се кандидира за претседател на Јужна Кореја, изјави началникот на полицијата во Бусан, Ву Чеол-Мун. Ву рече дека осомничениот бил незадоволен бидејќи сметал дека властите не успеале да го казнат Ли по обвиненијата за корупција.

Ву рече дека осомничениот оставил белешки на осум страници во кои се прикажани слични мотиви за неговиот напад. Осомничениот го купил ножот и го следел Ли на пет настани од јуни минатата година.

По напуштањето на болницата, Ли рече дека се надева оти нападот ќе послужи како шанса „да се стави крај на политиката на омраза и политиката на конфликт и да се врати политиката на меѓусебно почитување и соживот“.

Ли, либерал од Демократската партија, тесно загуби на претседателските избори во 2022 година од претседателот Јун Сук Јеол. Жестоката кампања и политичките расправии по изборите ја влошија и онака токсичната јужнокорејска конзервативно-либерална поделба.

Ли е исто така гласен критичар на политиките на Јун. Тој се соочува со серија обвиненија за корупција и поврзани судења и истраги, но ги отфрли сите обвиненија и за возврат ја обвини владата на Јун за политичка одмазда.

Според неодамнешните истражувања, Ли е еден од првите фаворити за претседателските избори во 2027 година, но таму ќе се бори со нов кандидат бидејќи Јун веќе нема право на реизбор по два мандата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ