сабота, 19 октомври 2024

Откриени детали од понудата на Челси за Осимен, напаѓачот сметал дека е понижувачка

Скај Италија пренесе дека Виктор Осимен одбил преселба во Челси бидејќи клубот од Стемфорд Бриџ му понудил плата од само 4 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во бонуси.

Објавено на

часот

Сподели

Виктор Осимен синоќа беше блиску до преселба во Ал Ахли, прифати четиригодишна соработка со плата од околу 30-40 милиони евра, како и разумна откупна клаузула од 50-60 милиони евра, со која ќе може да се врати во Европа по две години.

Сепак зделката пропадна откако првиот човек на Наполи, Ааурелио Де Лаурентис се полакомил и се обидел да извади уште 5 милиони евра од Арапите.

Потоа се водеа преговори со Челси, но напаѓачот не успеа да најде заеднички јазик со „сините“.

Како што пренесува Скај Италија, клубот од Стемфорд Бриџ на Виктор Осимен му понудил плата од само 8 милиони евра по сезона.

И тоа само 4 милиони евра му биле загарантирани, останатите 4 милиони евра биле во форма на бонуси, односно 2 милиони евра за пласман во Лигата на шампиони, и 2 милиони евра за бројот на настапи и постигнати погодоци.

Виктор Осимен сметал дека предлогот е понижувачки, особено што Челси минатата сезона едвај се пласираше во квалификациите за Конференциска Лига.

Напаѓачот во моментов во Наполи има плата од 10 милиони евра по сезона, и тоа е минималната сума што ја бара за промена на средината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ