По турбулентно лето, Килијан Мбапе остана во Париз, но Французинот не стави потпис на нов договор со ПСЖ и веќе во јануари може да си подаде рака со друг клуб.
Медиумите од Шпанија немаат дилема, веруваат дека Килијан Мбапе ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид.
Во емисијата „Ел Чирингито“ денеска беше објавено дека напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе заработува околу 35 милиони евра нето по сезона.
Со вакви бројки, тој ќе биде далеку, далеку најплатениот во белиот дрес. За споредба, Винисиус Жуниор оваа недела стави потпис на нов договор и платата му е околу 10 милиони евра нето по сезона, слична сума заработува и скапото летно засилување, Џуд Белингам.
Овие двајца се едни од најплатените во Мадрид во моментов, за нијанса поголеми плати имаат Тони Крос и Давид Алаба.