четврток, 30 мај 2024

Откриен е разговорот меѓу ВАР и главниот судија на Ел Класико за скандалот со гол линијата

Шпанската фудбалска федерација ја објави аудио снимката од конверзацијата меѓу главниот судија на Ел Класико Сото Градо и судиите во ВАР собата за евентуалниот непризнаен гол на Ламине Јамал.

Објавено на

часот

Сподели

Во Ла Лига нема гол технологија, а тоа синоќа предизвика голема контроверзија на мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Спорен беше евентуалниот погодок на Ламина Јамал, од таборот на Барселона веруваат дека им е поништен чист гол и одлуката да не биде признаен ја сметаат за скандалозна.

Шпанските медиуми ја пренесоа конверзацијата на судијата Цезар Сото Градо и ВАР за целата спорна ситуација.

Прво се слуша гласот на помошникот судија кој вели: „Според мене не ја помина линијата, тоа е корнер“.

Од ВАР велат: „Цезар, ајде да провериме, почекај малку, не дозволувај да изведат“.

Во меѓувреме Гундоган бара објаснување и добива од судијата кој му вели: „Немаме гол технологија, ќе почекаме ВАР да провери. Можеби е гол“.

„Телото на Лунин покрива. Оваа снимка не ни врши работа, ниту оваа, ни оваа, ниту на оваа не користи. Да одиме со корнер“, велат од ВАР.

„Не се брзаме, ова е многу важна одлука. Најдобро е да почекаме“, им вели судијата Цезар Сото Градо на судиите во ВАР.

„Цезар, немаме никаква евиденција дека топката со цел обем е влезена, ќе го продолжиме мечот со корнер“, е конечната одлука на ВАР која му е соопштена на судијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ