сабота, 27 јули 2024

Откорнати дрва и силно невреме во Кочани

Објавено на

часот

Сподели

На повеќе локации во градот откорнати и искршени се стебла што го попречија одвивањето на сообраќајот, а искинати се жици и турнати сe неколку столбови на кабелските операторски водови.

На магистралниот патен правец Кочани – Штип, во близина на споменикот на Никола Карев кај Тркање, на повеќе места има откорнати дрвја што се најдоа на коловозот. Слично е и на улиците „Никола Карев“, „Скопска“, „Тодосија Паунов“ во Кочани каде интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица.

Според информациите од дежурните служби, во неколку населби во градот има штети на кровови на помошни објекти, а дошло и до краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија.

На повеќето сообраќајници во Кочани сѐ уште има остатоци од искршени гранки и други предмети, а интервентни екипи работат на оспособување на телекомуникациската мрежа и на расчистување на последиците од невремето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ