понеделник, 21 октомври 2024

Откажан е мечот во Атина, Динамо Загреб е пред бркање од Европа

Објавено на

часот

Сподели

Брзо по инцидентот дошло до состанок на официјалните лица на двата клуба каде имало и вербален конфликт. Од АЕК вината ја бараат во луѓето од Хрватска и УЕФА бидејќи според нив не направиле доволно за да се избегне инцидент.

Натпреварот е одложен на неодредено време, а постои можност и никогаш да не се одигра бидејќи УЕФА може да го избрка Динамо Загреб од Лигата на шампионите.

Во Грција има незадоволство од властите на земјата бидејќи не ги контролирале навивачите на граница кои поминале голема километража за да стигнат до главниот град на Атина.

Уапсени се дури 98 хулигани од околу 120 колку што биле пристигнати од Хрватска.

УЕФА имаше забрана за навивачи на Динамо Загреб на мечот, но и покрај тоа тие отидоа во Атина.

Епилогот е една жртва, десетина повредени меѓу кои и девојче кое со камен било удрено по глава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ