Според медиумите од Белгија, шведските фудбалери соопштиле дека нема да го доиграат натпреварот, а домаќините се согласиле и го прифатиле ставот на Швеѓаните.
Натпреварот и официјално е прекинат, нејасно е кога и дали ќе се доигра.
Белгија и Шведска се сретнаа во натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2024 година. На мечот му претходеше убиство на две лица облечени во шведски дресови, на околу пет километри од стадионот на кој се игра натпреварот.