сабота, 27 јули 2024

Откако не успеа да формира своја партија, скопската градоначалничка Арсовска ја презема Нова алтернатива

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска утревечер на конвенција ќе биде промовирана како нов претседател на политичката партија Нова алтернатива на чие чело до пред три месеци беше Ѓорѓи Оровчанец.

Објавено на

часот

Сподели

Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во хотел Континентал со почеток во 18 часот.

„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива, Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, во хотел Континентал“, пишува во поканата за конвенцијата од партијата.

Доскорешниот претседател Ѓорѓи Оровчанец за Фокус изјави дека си дал неотповиклива оставка и дека за тоа што се случува внатре во партијата никој не го информирал.

Арсовска претходно во телевизиско интервју  информираше дека се подготвува да формира политичка партија но не кажа дали собрала доволно потписи за регистрација на нова партија и дали може да се очекува нејзино учество на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

Партијата е формирана во 2007 година, откако Оровчанец замина од ВМРО-НП.

Од 2008 година досега Нова Алтернатива со исклучок на изборите во 2014 година е во коалицијата предводена од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ