сабота, 27 јули 2024

Откако МВР го чува затворот во Идризово се намали бројот на разбојништва бегства, вели Спасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Таму работиме заедно според оперативен план направен со службата на ‘Идризово’ и со Армијата во делот на обезбедувањето заради состојбата со намалување на кадарот на полициските службеници во затворот што влијае на оваа ситуација. Целосно под контрола е се она што е под контрола на МВР, односно влезовите, се што влегува е контролирано на високо ниво. Од моментот на кризната состојба, откако постапуваме во ‘Идризово’  драстично се намали бројот на извршување на разбојништва и на кражби и на територијата и на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје што укажува на аномалиите кои ние претходно ги утврдувавме, со нелегално излегување на лица од затворот“, рече министерот Спасовски.

Полицијата ќе остане во затворот во Идризово се додека има потреба оти, како што нагласи министерот Спасовски, се работи за безбедноста а оваа институција мора да биде целосно под контрола за да бидат безбедни и сите граѓани. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ