четврток, 26 декември 2024
Бунгаловите се одземени со одлука на Основниот суд Гостивар

Откако еднаш беа ослободени, таткото и ќерката од Косово добија условни казни за бунгаловите во Леуново

Условни пресуди за бесправно градење им се изречени на обвинетите татко и ќерка, Шериф Рамука и Блерта Рамука и двајцата од Косово, а правното лице „Радика резорт“ ДООЕЛ увоз извоз доби парична казна од 400.000 денари. Судијката Виолета Нофитоска од Основниот суд Гостивар ги огласи за виновни и му досуди на Шериф Рамука алтернативна мерка, условна пресуда според која тој во период од пет години не треба да стори ново кривично дело, во спротивно ќе помине две години во затвор, а на неговата ќерка, Блерта Рамука исто така и е изречена условна казна, со тоа што, според одлуката, таа треба во период од четири години да не неправи ново кривично дело, инаку ќе треба да оди во затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Парична казна од над 6.000 евра доби правното лице „Радика резорт“. Одлуката не е правосилна, но е втора по ред првостепена одлука. Во текот на судската постапка било утврдено дека бунгаловите се изградени без добиена дозвола и се одземени во корист на државата. Откако странките ќе ја добијат пресудата во писмена форма имаат право на жалба на одлуката во рок од 15 дена.

Првата одлука за истото кривично дело по член 244 од Кривичниот законик беше ослободителна, бидејќи тогаш истиот суд, но друг судечки судија процени дека нема доволно докази за да ги осуди обвинетите.

Со првата првостепена пресуда обвинетите беа ослободени бидејќи, според судот не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело. Но, Апелацискиот суд Гостивар ја укина со дадени упатства дека во текот на повторување на постапката треба повторно да ги изведе сите докази изведени во текот на главната расправа, правилно да ги анализира и цени и притоа тие да не противречат на вербалните и материјалните докази.

Обвинетите во текот на постапкаа кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај и побараа да бидат ослободени од обвинение.

„Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Република Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021 година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше. Објектите – цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон”, соопшти обвинителството кога го отвори овој предмет.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ