сабота, 27 јули 2024

Откако е изграден пат, пообилен дожд поплавува една куќа

Во село Пешталево во Општина Долнени е поплавена една куќа, а сопственикот побарал помош преку единствениот број 112. Дворот и куќата редовно му се поплавуваат при обилен дожд откако бил изграден пат.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека по пријава добиена на бројот за итни повици 112 за поплавената куќа и дворно место во селото Пешталево вчера повторно е контактирана Општина Долнени од каде што одговориле дека интервенирале со градежна машина и дека повторно ќе интервенираат.

„Се работело за поплава од атмосферски води, поточно неможност истата да истекува по изградба на пат“, велат од ЦУК во утринската информација.

ЦУК информира утрово дека во прилепскиот и битолскиот регион во последното деноноќие имало проблеми и поплавени објекти бидејќи за 24 часа наврнале 35 литри дожд.

„ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали согласно нивниот план, да се чистат и одржуваат одводните канали во и надвор од населените места и да не се фрлаат отпадоци во каналите“.

Инаку, не секаде во Македонија имало интензивни врнежи од дожд па ЦУК информира и за пожари на отворен простор.

„Имаше седум пожари на отворено во последното деноноќие, а пожарникарите паралелно гаснеле и пожари и во населени места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје и РЦУК Велес по еден пожар на отворено, РЦУК Куманово два и РЦУК Штип бележи три пожари на отворено во последното деноноќие“, наведуваат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ