сабота, 27 јули 2024

Отфрлена кривичната пријава на МВР против поранешниот претседател на пензионерите во Куманово

Кумановското Јавно обвинителство ја отфрли како неоснована пријавата поднесена од МВР против поранешниот претседател на кумановското здружение на пензионери, Благе Јакимовски, информираат од поранешното раководство на здружението.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас и тогаш тврдев дека нема никаква злоупотреба на службена положба, тоа беше дел од валканата игра на некои членови на здружението потпомогнати од одредени политички структури, со цел тогашниот претседателот Благе Јакимовски да се оцрни и елиминира како кандидат за претседател на изборите кои беа во тек да се преземе здружението и да се дојде на функција, изјави Гордица Бошковска, поранешен секретар на здружението на пензионери.

Таа вели дека не постои одлука која е наведена во пријавата и нагласува дека е измислена за одредена цел која цел, додава, за жал и беше  постигната.

„Со отфрлањето на кривичната пријава се потврди дека сите изречени невистини, навреди и клевети спрема нас како тогашно раководство од некои членови на здружението кои сега се дел од актуелното раководство беа неосновани, невистинити и злонамерни“, изјави Бошковска и додаде дека очекува извинување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ