Фото: ХИНА
Највисокото признание на МПЦ-ОА, Орденот на Свети Климент Охридски, за гостопримството и братската поддршка и помош ѝ беше доделено и на Хрватската епископска конференција (HBK), а беше примен од пратеникот на претседателот на ХБК, генералниот секретар монсињор Крунослав Новак.
Фото: МИА
Наградите им ги врачи поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски Стефан, а на свеченоста во Загреб присуствуваа митрополитот европски Пимен и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф.
Делегацијата на македонската држава ја предводеше амбасадорот на Македонија, Милаим Фетаи, кој ѝ се заблагодари на хрватската држава за помошта во изградбата на црквата.
Фото: МИА
Првата македонска православна црква во Хрватска е регистрирана во декември 1993 година. Во 1995 година Загрепската архиепископија ѝ ја дала привремената употреба на црквата на свети Рок во Загреб, и изградбата на црквата света Злата Мегленска, посветена на светителката и маченичка од 18 век, започна пред девет години.