Плусинфо пишува дека членови на работната група за подготовка на уставите измени би можеле да предложат во Уставот да се внесат Бугарите, Хрватите и Црногорците, но истовремено Преамбулата да се дополни и со нов наратив за историската генеза на македонската нација и на македонскиот јазик. Целта е во новиот наратив да се потенцираат самобитноста, правото на самоопределување и државотворноста на македонскиот народ, како и историскиот континуитет на македонскиот јазик и обидите за создавање на стандарден литературен јазик од средината на 19 век до официјалната кодификација еден век подоцна.
„Планот има и една голема слабост, а тоа е опасноста во самиот старт да биде отфрлен од Софија, која инсистира на тезата дека Македонците, македонскиот јазик и македонската држава постојат од 1944 година. Ако Бугарија се спротивстави на ваквите уставни измени, повторно би уследило вето и блокада на процесот“, пишува порталот.