петок, 1 ноември 2024

Осум загинати и повеќе повредени при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад (ВИДЕО)

Осум лица загинаа при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој изјави и дека спасувачката акција сè уште трае.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Под урнатините има и дете кое се обидуваат да го извлечат заедно со женско лице, додаде тој.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Несреќата се случила денеска нешто пред 12 часот. Голем број амбулантни возила се на терен. Има багери и тешка механизација, кои се обидуваат да го расчистат паднатиот дел од настрешницата на зградата. На терен се и пожарникари, Жандармерија…

Инаку, оваа зграда за прв пат била реновиран во периодот од 2021 до 2022 година, а по неколку месеци повторно започнало реновирањето на истата зграда на станицата. Официјално била отворена на 5 јули годинава.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ се обрати до јавноста.

„Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад. Трагедијата е ужасна. Изразувам сочувство до семејствата на жртвите и им благодарам на сите што помагаат и се борат да се спасат луѓето и водат натчовечка битка за секој живот“, рече Вучевиќ. „Ќе инсистираме да се најдат одговорните“, додаде тој.

По него говореше министерот за полиција Ивица Дачиќ.

„Спасувачите беа тука веднаш по добивањето на повикот. Неколку часа подоцна, спасувачката операција сè уште трае. Во операцијата учествуваат повеќе од 80 спасувачи од различни градови со тешка механизација“, рече Дачиќ.

„Исклучително тешка операција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините“, рече Дачиќ.

Дачиќ изјави дека две лица се во болница, а едно од нив е во тешка состојба бидејќи му се ампутирани двете нозе. „Имаме контакт со две лица кои се под урнатините“, изјави Дачиќ. Како што наведе, се комуницира со две лица кои се наоѓаат под урнатините, а едно од нив е 14-годишно девојче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ