сабота, 27 јули 2024

Осум повредени во сообраќајка на патот Лисичани – Пласница

Во несреќата, како што информираат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 23:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од село Лисичани за село Пласница во близина на село Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17-годишник од истиот град и патничко возило опел астра со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н. од село Лисичани-кичевско“, се наведува во денешниот билтен на МВР.

Во несреќата, како што информираат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ